Охрид, 4. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е домаќин на четвртата Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2019“ што денеска и утре се одржува во хотелот „Силекс“.
Организатор е Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела „Маклаб“.
– Со особен интерес ја организираме конференцијата по четврти пат, со што сме чекор поблиску до нашата крајна цел: компетентна и одржлива структура за квалитет на национално, регионално и меѓународно ниво. Се надеваме дека Меѓународната конференција „Квалитет и компетентност 2019” ќе ги надмине нашите очекувања, особено со сегментот на споделување на искуства и проширување на можностите за идна соработка, информираат од „Маклаб“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16