Скопје, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес и утре во Скопје, со поддршка од Европската комисија, во хотел „Холидеј ИН“, ќе се одржи Мулти-корисничка TAIEX работилница за заштита на личните податоци на странци (со фокус на „баратели на азил, мигранти“).
Настанот е со поддршка од страна на Генералниот директорат за проширување, градење на институциите, TAIEX – правда и внатрешни работи, а во организација на ДЗЛП и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Оваа работилница е развиена како заедничка регионална потреба изразена од страна на неколку релевантни домашни институции, а во периодот кога Република Македонија, т.е. Министерството за внатрешни работи, е Претседателство на МАРРИ Иницијативата, исто така поддржана од Регионалниот центар на МАРРИ.
Главната цел е да се увидат предавања и најдобрите практики од земјите-членки на ЕУ на овој дел од законодавство за азил и миграција, особено осврнувајќи се на аспектот на заштита на податоците. Бидејќи не постојат такви иницијативи, обуки, дури и ниско ниво број на семинари спроведени на оваа тема, тоа ќе биде од големо значење за да се соберат претставници од министерствата за внатрешни работи во регионот на земјите од Западен Балкан и Турција кои работат во областа на азил, бегалци и миграциски прашања, како и претставници од органите за заштита на личните податоци во регионот и да ги надградат своите капацитети, вклучувајќи ја и заштитата на податоци како аспект на темата. Ова е една важна тема која нè засега сите, особено земјите од регионот кои ја знаат важноста на постапката за добивање визна либерализација, и зачувување на истата, како и постапката на усогласеност со ЕУ законодавството, во насока на почитување и заштитата на човековите права. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива