Охрид, 1. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Следната година во Охрид ќе се одржи Меѓународна резиденција чиј приоритет е истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина.
Ќе се одржува од 1-ви до 30-ти април 2024 година,а организатори се партнерите од меѓународниот проект ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии).
Поради тоа отворен е повик за уметници, дизајнери, истражувачи и културни работници да се пријават за учество.
– Фокусот на резиденцијата е Охридско Езеро како светско историско и природно наследство, односно еколошките предизвици со кои се соочува тоа поради неодржливите практики во туризмот. Главната цел на програмата е да ги инспирира учесниците да најдат врски помеѓу својата практика, фрагилната средина во која ќе работат и луѓето што живеат таму, информираат организаторите.
Учесниците ќе можат низ креативна работа да ги преточат во уметнички дела инспирациите и размислувањата поврзани со Охридско Езеро преку соработка со локални уметници.
Рокот за пријавување е до понеделник, 6-ти ноември, а повеќе информации и линк за пријавување може да се најдат на веб страницата: https://mk.peripetija.com/prosper. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива