септември 29, 2017

Скопје, 29. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје вечер ја отвора сезоната во АБА лигата со домашен меч против белградски Партизан.

Во, за нив, шестата сезона во регионалното натпреварување, металците посакуваат подобар пласман во однос на минатата кога завршија на претпоследното место.

Тргнуваат со целосно изменет состав и со нов тренер. Задоволни се од одработеното во подготвителниот период, остануваат со амбиција да се прикажат во добро светло и да успеат да станат дел од осумте најдобри екипи кои следната година ќе играат на супер купот во бар. За екипата од Аеродром предизвик се и двете титули во Македонија, од домашното првенство и од купот.

Натпреварот од првото коло во АБА лигата меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Партизан се игра вечерва во Јане Сандански од 20 часот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука