News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 8, 2024

Охрид, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Плевен, Бугарија се одржа Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години, на кој учествуваа околу 180 натпреварувачи од 22 клубови.

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација се претстави со 4 натпреварувачи, предводени од претседателот и национален тренер, Саша Поповски носител на Црн појас 5-ти дан.

– Миа Танеска, минатогодишната шампионка од „Плевен опен 2023“, и оваа година доминираше во својата категорија во конкуренција од 13 натпреварувачки и стигна до 3 победи. Во финалето победи со технички нокаут и покажа дека е една од најперспективните натпреварувачки во нашата федерација. Христијан Шибакоски го освои третото место во категоријата 10-11 години, -40 кг. Тој доминираше во своите борби, но поради помало искуство, за жал, загуби во пулуфиналето од претставникот на Бугарија. Иако не сите успеаја да се искачат на победничкиот пиедестал, не смееме да го заборавиме и Давид Ристески, кој поради настинка овој пат не се искачи на пиедесталот. Исто така, Даријан Китаноски покажа голема борбеност, но за жал загуби со тесен резултат против својот противник во првата борба, информираат од Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука