Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Култната македонска рок група „Мизар“ и класично-византискиот хор „Хармосини“ имаат нов сингл „Псалм 135“.
Музиката е на Горазд Чаповски и Ристо Солунчев, аранжманот на Чаповски, а продуцент е Златко Симоноски.
Инспирирана од македонскиот фолклор и авангардниот бран на ХХ век, а длабоко вткаена во византискиот мистикос, музиката на „Мизар“ останува сериозен чувар на традицијата, оформена од страна на внимателно избрана група на дел од најдобрите македонски музичари.
Бендот работи од 1981 година, а прв вокалист беше Ристо Вртев. Горазд Чаповски е единствениот постојан член од основањето на групата која полни 40 години е на врвот на македонската алтернативна музичка сцена. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 107