Букурешт, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младата оперска пејачка Миланка Новеска, и понатаму е потврда за вистинска, голема гордост за Охрид.
Новеска, која од оваа академска година студира на престижниот Универзитет во Букурешт, Романија – Universitatea din Bucuresti, е една од најдобрите студенти во нејзината генерација. Тоа го потврдува и високиот просек на положени испити во првиот семестар, кои ги има Миланка, за кои и самата на нејзниот фејсбук профил вели, дека ќе се обиде да го задржи просекот од 10.00.
Охридскиот славеј, Новеска, е на студии во европската метропола Букурешт, на сигурен пат на реализирање на нејзиниот сон, како една од моментално најнадежните млади оперски пејачки имиња во Македонија.
Миланка од најрана возраст се занимава со пеење, а талентот го насочува кон класичната музика.
Во 2013 година ја доби Повелбата „Свети Климент Охридски“, која ја доделува градот Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Миланка Новеска