Скопје, 20. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ние сметаме дека граѓаните се доволно интелегентни и доволно паметни, нашите гласачи овие 30.000, да ние нема потреба да ги насочуваме за кого ќе гласаат, тие доволно знаат за кого да го дадат гласот и сметаме дека секое наше јавно објавување или поддршка значи дека ние сме влегле во ова да се пазариме со тие гласови, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.
ЛДП и ДОМ јавно нема да дадат јавна поддршка за ниту еден од кандидатите на „Најдоброто за вашата општина“.
– Ние, уште пред да започне кампањата, изјавивме дека тоа се гласови на граѓаните. Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град, и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец, рече претседателката на ДОМ Маја Морачанин. (Крај)
извор: локално.мк фото: Телма