Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Милош Прелевиќ е нурчач, авантурист, човек кој го живее животот со полни гради.
Живее во неговото камп-комбе со кое патува по светот и како што вели најмногу сака локации покрај море или езеро, пред се’ поради неговата страст кон нуркањето.
Го посети и нашиот преубав Охрид, како што тој вели „магичниот град“, за кој направи две емисии на неговиот профил „Комбина“, од кои една за убавините на градот, а втората за нуркачкото искуство кај Заливот на коските.
Погледнете и уживајте.
извор: ОхридПрес фото/видео: Милош Прелевиќ
Прочитано: 142