Москва, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во анкета спроведена од реномираниот „Газета дело Спорт“ кошаркарот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ е избран за најдобар европски кошаркар за изминатата година.
Наградата се доделува по гласањето на тренери, играчи и новинари од 33 земји, а Србинот ја освои наградата, благодарение на титулата во Евролигата и сребрениот медал на Олимписките игри во Рио со репрезентацијата на Србија.
Рекордери по бројот на освоени награди се Арвидас Сабонис и Дирк Новицки, кои по шест пати ја имаат освоено оваа награда. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24