Скопје/Охрид, 12. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на минатата, 2023 година, во Република Македонија се затворени 4.330 фирми, од кои 147 од Охрид.
Оваа бројка, сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми. Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.
Во Скопје во 2023 година се затворени 1.440 фирми. Следуваат Битола со 263, Тетово со 248, Гостивар 198 и Куманово со 182. Со повеќе од сто згаснати фирми во текот на минатата година се уште пет македонски градови: Прилеп 174, Струга 154, Охрид 147, Струмица 133 и Велес 110. (Крај)
извор: pari.com.mk/Маја Анастасова фото: ОхридПрес