Охрид, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 2016 година, во СВР-Охрид регистрирани биле вкупно 1564 кривични дела.
Споредено со 2015 година кога се случиле 1858 кривични дела, во 2016 има намалување. Во Охрид се случиле 749 дела, во Струга – 406, Кичево – 320 и Дебар – 89.
Вкупниот број на сторители е 902, а во 2015 биле 1052 лица. Во Охрид минатата година СВР Охрид казнило 414 лица, во Струга – 218, во Кичево 208 и во Дебар – 61.
Поднесени се вкупно 866 кривични пријави. Од нив, во Охрид биле поднесени 380 пријави, во Струга – 255, во Кичево – 183 и во Дебар 48.
Бројот на пријавени кривични дела бележи намалување за 16 % , бројот на регистрирани сторители бележи намалување за 14% а бројот на поднесени кривични пријави бележи намалување за 14 % во однос на 2016.
– Во текот на минатата 2016 година, безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид беше стабилна и поволна. Активностите на полициските службеници се преземаа согласно определените стратешки приоритети на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и беа насочени кон сузбивање на криминалот во сите појавни облици и форми, реализација на имотните деликти и пронаоѓање на сторителите на казнените дела кражби и тешки кражби, борба против недозволена трговија со дрога, задржување на поволна состојба во јавниот ред и мир и подигнување на безбедносната состојба во сообраќајот. СВР Охрид, работеше и по други законски основи се со цел излегување во пресрет на безбедносните потреби на граѓаните и нивни вистински сервис и партнер, наведуваат од СВР Охрид.
Во делот организирани видови криминал и корупција, минатата година регистрирани се вкупно 25 кривични дела, од кои во Охрид 9, во Струга 11, во Кичево 4 и во Дебар 1.
Во областа на економскиот криминалитет, во 2016 година, СВР Охрид поднесе 80 кривични пријави:(Охрид-34,Струга-31,Кичево-11, Дебар-4) против 96 лица (136 во 2015)-(Охрид-36, Струга-36, Кичево-18, Дебар-6).
Во изминатата 2016 година, СВР Охрид во континуитет ги следеше и состојбите во семејното насилство.
Во делот на малолетничката деликвенција, во текот на 2016 година според бројот на малолетници и извршените кривични дела од малолетници, состојбата е поповолна во однос на минатата година. Имено во 2016 година, регистрирани се за 60% помал број на малолетни лица или пријавени се вкупно 30 малолетни лица– сторители на кривични дела.
Во сузбивањето на недозволената трговија со дрога, во текот на 2016 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави од кои најмногу во Охрид.
Во областа на јавниот ред и мир, не се регистрирани нарушувања во поголем обем и со потешки последици. На ниво на СВР-Охрид, во 2016 година регистрирани се 768 прекршоци во јавниот ред и мир.
Во патниот сообраќај, во текот на 2016 година за откриени 4812 прекршоци.
– Канцеларијата за односи со јавноста е иницијатор на низа проекти меѓу кои во 2016 година, во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, се реализира проектот „Јакнење на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и новинарите“ што е прва ваква регионална работилница со учество на новинари и полицајци од Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен, Битола и Прилеп, додаваат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива