Струга, 7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лани во Струга се родиле 699 новороденчиња, соопшти Државниот завод за статистика.
Споредено со 2015 година, кога биле родени 686 деца, забележлив е пораст за 13 бебиња.
Според полот доминираат машките бебиња, чиј број изнесува 373, додека женски деца се 326.
Во брачна заедница се родиле 642 бебиња, а во вонбрачна вкупно 57. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26