мај 25, 2017

Охрид, 25. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, минатата година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, во споредба со 2015 година, е намален.

Во 2016 година на ФТУ дипломирале 169 лица. Редовни студенти биле 146, додека вонредни 23.

Процентот на дипломирани студенти-жени изнесува 58.0%.

univerzitetsvetapostolpavle

Додека на Универзитетот за информатички технологии и науки, „Свети Апостол Павле“, минатата година дипломирале 39 лица, а сите студирале редовни студии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука