Охрид, 14. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Намален водостојот на Охридското Езеро за еден сантиметар во споредба со претходните денови.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,42 м.н.в, што е за 7 сантриметри под просекот за март (693,49 м.н.в), односно 32 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6,5 степени и е во рамки на месечниот просек.
Откако шест дена немаше промени во нивото и водата беше на кота од 693,43 м.н.в, со последното мерења е регистриран минимален пад.
Во Охрид денес претежно сончево време со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.
– До среда ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР