Охрид, 2. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Се бележи минимално зголемување на водостојот на Охридското Езеро.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,41 м.н.в, што е за 8 сантриметри под просекот за март (693,49 м.н.в), односно 31 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 6 степени и е за половина степен пониска од месечниот просек.
За една недела езерското ниво пораснало за два сантиметри. Со оглед на тоа што за крајот на оваа и почетокот на следната недела метеоролозите најавуваат врнежи од дожд и снег, се очекува нивото да продолжи да расте.
Во Охрид денес променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 3. степени.
– Утре ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР