Охрид, 24. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Се подобрува хидролошката состојба на Охридското Езеро во однос на минатата недела.
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водата е на кота од 693,21 м.н.в што е за 17 сантиметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в) и 11 над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8,5 степени.
Врнежите од дожд периодов позитивно влијаат на хидролошката состојба, но сепак тоа не е доволно и е далеку од просекот за овој период од годината.
Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.
– Денес претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, особено во источните делови каде ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Потоа во следните денови ќе преовладува облачно и постудено време со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР