Скопје/Охрид, 21. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новиот Министер за транспорт во Владата на Република Македонија, Александар Николоски денеска објави дека била донесена одлука да се формира работна група која ќе ги истражи сите можности да се зголеми бројот на летови и дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром.
– Нашата цел е веќе следната година да има нови дестинации, а целта е да се зголеми бројот на туристи и полесно и поевтино патување на македонските граѓани, вели министерот Николоски.
Тој најави дека ќе се разговара со повеќе светски компании кои нудат евтини летови. Министерството и владата ќе ја дадат целата потребна поддршка и субвенции со цел Република Македонија да има повеќе летови и повеќе туристи, но и македонските граѓани да може поевтино да патуваат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива