јануари 9, 2017

Скопје/Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бремените жени и хронично болните лица над 60 години денеска и утре да бидат ослободени од работа, а за работните задачи на отворено да се реорганизира работното време, поради екстремно ниските температури кои можат да бидат ризични по здравјето на овие лица, препорача Министерството за здравство.

Државниот советник за здравствена заштита при Министерството за здравство Јованка Костовска соопшти дека согласно податоците на УХМР се очекува Осоговско-малешевскиот (Делчево, Виница, Берово) и Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево) и денеска да бидат зафатени со температури од портокалова фаза и дека ниските температури ќе продолжат и утре.

Голем проблем се и падовите и скршеници како последица на лизгавоста на улиците, поради што се препорачува внимателност на граѓаните за да не дојде до скршеници.

Од среда се очекува благ пораст на температурите. (Крај)

извор: moh фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука