Скопје/Охрид, 20. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 1.566.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 764.953 граѓани, трета доза вкупно примиле 1.292 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 2.379 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 700, а трета 94 граѓани. 57% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 46% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 38% од вкупното население е има примено една доза вакцина. 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 54% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Вакцинирајте се без закажан термин, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство