Скопје/Охрид, 17. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 1.662.152 дози вакцини, а ревакцинирани се 786.941 граѓани, трета доза вкупно примиле 58.132 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 4.207 граѓани. Прва доза вчера примиле 1.515 граѓани. Трета доза вчера примиле 1.732 граѓани, 58% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 48% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини, 39% од вкупното население е има примено една доза вакцина, 38% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. a 57% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Вакцинирај се без закажан термин, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство