септември 30, 2021

Скопје/Охрид, 30. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против COVID-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

– Вкупно се аплицирани 1.513.785 дози вакцини, ревакцинирани се 726.625 граѓани, а трета доза вкупно примиле 181 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 3.014 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.240 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 44 граѓани. 47,2% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 43,6% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 38% од вкупното население е има примено една доза вакцина. 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 52% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, додаваат од Министерството. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука