Скопје/Охрид, 22. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 1.675.793 дози вакцини, а ревакцинирани се 789.905 граѓани, трета доза вкупно примиле 63.137 граѓани. Во изминатите два дена вкупно се вакцинирале 5.611 граѓани. Прва доза во изминатите два дена примиле 2.387 граѓани. Трета доза во изминатите два дена примиле 2.061 граѓани. 58% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина, 47% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини, 39% од вкупното население е има примено една доза вакцина, 38% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини, 57% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Вакцинирај се без закажан термин, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство
Прочитано: 27