Охрид, 29. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани продолжуваат со бројни акции и иницијативи за собирање средства за помош на Јана Арсовска.
Дел од охридските музичари, го искористија денешниот прекрасен сончев ден да организираат мини свирка во центарот на градот, во обид да соберат колку што е можно повеќе средства за помош на Јана.
Охрид денес пееше и свиреше за Јана, порачаа тие на социјалните мрежи.
Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.
Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467
За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка
За хуманите луѓе надвор од Македонија:
gofundme.com/hopeforjana
или преку жиро-сметка на
IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22
извор: ОхридПрес фото: Климент Наневски