Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како што веќе објави OhridPress, денеска, во 12:25 часот, во граничната полиција Регионален центар Запад е пријавено дека, во близина на пределот со езерска трска на длабочина од еден метар во водите на Охридското Езеро, на околу 10 метри од кејот, забележана е граната.
– Преземени се соодветни мерки во координација со овластени лица од Дирекцијата за заштита и спасување и констатирано е дека се работи за минофрлачка граната од Првата светска војна, калибар 75 милиметри. Истата, заедно со претставник од нуркачкиот клуб за подводни дејности Охрид, безбедно е подигната за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 14