Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Случаен минувач попладнево забележал и пријавил до полицијата бомба во плитките делови на Охридското Езеро, во непосредна близина на пешачката зона на кеј „Македонија“.
На лице место се излезени соодветни екипи кои вршат увид и ќе постапат соодветно процедурите предвидени за вакви случаи.
Ова не е прв пат да се забележуваат вакви експлозивни средства во поплитките делови од езерото. Најчеста причина се брановите кои ги носат од подлабоките делови, каде и покрај неколкуте акции за чистење на езерото од вакви експлозивни средства, очигледно се’ уште ги има. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 34