Шишање на коњчено, Биљи (џамлии на шлајка), Криш миш, Животинско царство, Панини сликички за албум, Долга магарица, тегнала на пацки, Џамија, Викторија, фудбал исклучиво на голови поставени со камења, мали голчиња кај Имарет (денешен Плаошник), лепчиња ајвар во раце и на улица, гемче, Пони точак, БМХ, Брзински точак, Chicago Bulls и Lakers капчиња, патики LA gear (со светење), Кремче фризура, француска, германска фризура, Монтка – задолжителна облека, Најк Аир Макс – Адидас – Рибок патики и тренерки, Levi ̀s jeans…
Па се започна со Ѓ/ЏУПСКИ – култно собиралиште, НАМА место за чекање (во пет кај намана), Пред БАНКАНА место за чекање (во пет кај Банкана), па продолжувавме во Галија бар на брод, Табана бар, Грамос кафе бар, Меморија кафе бар, Бас кафе бар, Жиголо кафе бар, Енигма кафе бар, Мецофорте кафе бар, Томато кафе бар, Форум кафе бар, Карум кафе бар, Славица кафе бар, Галерија, Леб и сол кафе бар, Аквариус кафе бар, Стар Лисец кафе бар, Леа кафе бар, Уранија кафе бар кај куќата на Уранија, Опера ноќен клуб кај Палас, Ориент, Биг Блу кафе бар, Пијано кафе бар, паб Тошо, клуб, Mr. Jack кај Трудбеник, Булевар кафе бар (спроти стара автобуска)…
Па нешто подоцна, Куба Либре кабаре бар (спроти Св. Софија), Џез ин кабаре бар, и доцен ноќен живот во: Мажестик дискотека, Палас диското (не го фатив 🙂 ), Арт Плаза дискотека, Парадисо ноќен клуб над Дон Вито, Наполеон ноќен клуб, Арена дискотека (ех пет години држев шанк), Лапидариус ноќен…
Задолжително јадење во Баче сендвичара – студенски сендвич со јајце највкусен и најевтин, Сендвичара Софти, Анвива сендвичара, Леонардо пицерија, Леонардо скара (кај Чако), Дон Вито пицерија, Далга (кај сегашно Кадмо) ресторан, Антико, Палма слаткара (немаше тогаш пекара), сендвичара Горичан кај сегашнион парк на сред чаршија, Pink Panther сендвичара, Fat boy сендвичара, Палма сендвичара – Туристичка, Феникс (кај Спасе) букрекџилница…
Ги слушавме Супер радио, МХ радио, ја гледавме Тв М (охридска – Тв бамбини)… Камелеон група – култна охридска група (Дуле оди купи WC net). Се облекувавме во Jackson бутик… Harley Davidson облека беше во мода…
Спортски активности Турнир Street Basket ball на плоштад (мислам дека беше 1998), натпревари во мал фудбал на полигон со охридската легенда Лештар.
Плажи: Горица 2 и 3 (исклучиво одење со кајчиња или пешки), Тобоган, Градиште…
Такво беше нашето време, на нашите места.. некаде меѓу нив имаше и ЉУБОВИ и разни други емоции. Како и дел горенаброените места така и дел од емоциите ги нема….можеме да видиме колку работи му недостасуваат на денешниот Охрид! И како во секоја моја колумна во која стои по еден предлог сметам дека одлично би било да се направи една Ретро вечер токму во Диско Палас…(доколку е возможно).
(п.с. Доколку сум заборавил некои од нашите места, начини на растење или слично…генерацијо моја…слободно продолжете ја низата)
Никола Митровиќ – Бабе
** „046 – За Охрид се зборува“ е проект на Супер радио и OhridPress и истиот има за цел да се сврти вниманието на охридската јавност кон одредени теми. Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата – Супер радио и OhridPress да бидат вистински глас на заедницата и да објават различни мислења, но и начини за подобрување на одредени состојби. Напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат колумнистите. Супер радио и OhridPress се оградуваат од евентуален навредлив речник и конотации, и ги сметаат за непримерни во јавната комуникација.
Во вториот дел од „046 – За Охрид се зборува“, кој ќе трае од октомври до декември 2014. година, ќе пишуваат и дебатираат Владо Чингоски, Ванчо Костоски и Никола Митровиќ – Бабе.