април 28, 2022

Скопје, 28. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика Премиерот Ковачевски на јавна средба на која ќе разговараат за датум за одржување на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски на Ковачевски му да даде рок до 10 мај да се изјасни дали ќе одговори на повикот. Во спротивно опозиционерот се закани со како што рече „сериозни и досега непреземени чекори“.

– Не барам Ковачевски да брза. Нека размисли, знам дека ќе го советуваат да одбие. Но, нека размисли, нека преспие, нека се советува со повеќе луѓе. Очекувам одговор во следните десетина дена. Нека биде краен рок 10 мај – вторник. Доколку ја одбие и оваа понуда за средба за излез од националната катастрофа што ја живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава, а потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори, рече Мицковски, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека на средбата со Премиерот ќе предложи неколку тимови од ВМРО-ДПМНЕ од различни сектори да работат во власта за актуелните проблеми со кои се соочува државата се до датумот на избори.

– Овие тимови ќе работат со тимови во власта во меѓупериодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори, про боно без никаков надомест и никакви привилегии. Тука сме да и помогнеме на Македонија кога и е најтешко рече Мицкоски на денешната прес-конференција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука