Охрид, 9. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Очекувам, пред да почне туристичката сезона, во втората половина на мај и првата половина на јуни, да ја пуштиме делницата од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај местото Ботун. Тука има мало слечиште, кое што треба да се санира, и до крајот на 2026 година да го пуштиме целиот потег на автопатот Кичево-Охрид. Очекувам да биде распишан тендерот Букојчани-Кичево, со што и тука би се поврзале овие два коридора, откри премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Неодамна тој откри дека исто така забрзано се работи на патот Прилеп-Битола, очекувам да почне Тетово-Гостивар и Требениште-граничен премин „Ќафасан“ по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што е заштитен од УНЕСКО. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес