октомври 2, 2024

Скопје/Охрид, 2. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од февруари 2025 година, околу 35.000 туристи надвор од сезоната ќе ја посетуваат Република Македонија во организација на туристичката агенција „РСД“ од Германија, откри денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

– Тие имаат намера да развиваат културен туризам и да ние ги покажеме нашите културни капацитети коишто ги имаме како што е градот Охрид, потоа Скопје како главен град, потоа меморијалниот центар „Мајка Тереза“ и останати културни знаменитости коишто претставуваат наша карактерна особина како држава, бидејќи Македонија има многу такви места со коишто може да се гордее, но она што е важно да се напомене е дека самата агенција „РСД“ има повеќе од 1 милијарда евра годишен обрт и таа покрај туризмот се занимава со други области како што се маркетингот, телекомуникациите, енергетиката, хотелиерството итн., значи претставува една голема сложена групација. Од февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, од Франција и од Велика Британија, тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, тоа би значело дополнително околу 30 милиони евра директни трошења овде кај нас од страна на овие гости коишто ќе не посетат или заедно ако тука го вкалкулираме и сместувањето и останатите трошоци, превозот и слично, можеме дури и да дојдеме и до бројката од 50 милиони евра, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека овие 35 илјади гости практично ќе бидат на балканска тура, таа балканска тура започнува со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Република Македонија.

– Вкупниот број на ноќевања на овие 35 илјади гости коишто ќе доаѓаат годишно на почеток, планот е да се дуплираат тие чартер летови, да бидат два и три но тоа ќе зависи од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети, треба и ние како држава да подржиме таков тип на сместувачки капацитети коишто ќе бидат атрактивни за овој тип на гости, коишто би биле во поголем број односно би ги дуплираме, па и ги триплирале во годините коишто следат, но овие 35 илјади гости бројот на ноќевања коишто ќе ги имаат претставува практично од 10 до 15 проценти од вкупниот број на ноќевања коишто ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас. Што значи ние ќе имаме додадена вредност од само една туристичка агенција од 10 до 15 проценти повеќе споредено со тоа што е состојбата во овој момент. Јас навистина можам да го кажам задоволството од страна на Владата, бидејќи сепак да имате директна кеш ликвидност во економијата од околу 30 милиони или вкупно заедно со сместувачките капацитети, со транспортот, од 50 милиони годишно и да имате 140 илјади нови ноќевања тоа навистина претставува значителен успех и ние како држава преку програмите коишто веќе ги имаме воспоставено планираме ова сериозно да го поддржиме и во периодот којшто следи да го зголемиме, зошто да не го дуплираме или триплираме. Така што уште еднаш сакам да го изразам моето големо задоволство и ова кореспондира со нашата цел да ги споиме секторите туризам и култура, бидејќи според анализите коишто ние ги имаме направено, претходно додека бевме во опозиција и сега како Влада, можам да кажам дека огромен број од туристите коишто доаѓаат од надвор и коишто ја посетуваат Македонија се практично туристи коишто сакаат да ги видат културните знаменитости на државата. Од февруари да им посакаме добредојде на овие по еден авион секој ден, односно отприлика 190 гости секој ден, а понатаму да работиме овој број да го дуплираме, триплираме овие 50 милиони да станат 100, 150 милиони евра што значително ќе претставува додадена вредност во нашиот туристички сектор, но и во економијата во целина, напомена премиерот Мицкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука