февруари 19, 2020

Охрид, 19. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на теренските активности денес престојуваше во работна посета на Охрид.

Мицкоски, придружуван од локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги посети компаниите „ОДВ Електрик“ и „ЕкоШпар“.

На средбата со менаџментот и вработените во „ОДВ Електрик“ стана збор за тековното работење и идните планови на компанијата во насока на зголемување на бројот на вработени и обемот на производство. Како проблем биле истакнати недостатокот на квалификувана работна сила како и царинските давачки.

– „ОДВ Електрик“ како странска инвестиција егзистира подолго време, вработува околу 500 луѓе, а планот им е да стигнат до бројка од 1.000 луѓе, да го зголемат производството, а на тој начин да се зголеми додадената вредност во македонската економија. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ги презентиравме нашите економски политики, во делот на враќање на рамниот данок и комплетно укинување на прогресивното оданочување. Тука стана збор и за сите царински давачки кои во овој момент им претставуваат товар и проблем. Разговаравме и за она што претставува најсериозен проблем и предизвик за сите работодавачи, а тоа е да се најде суровина, односно квалитетна работна сила поради емиграцијата и намалениот обем на стручен кадар, потенцира Мицкоски.

Според агендата Мицкоски е на средба со менаџментот на фирмата „ЕкоШпар“, по што ќе се сретне со просветните работници, со претставници на Регионалната занаетчиска комора и бизнис секторот. (Крај)

https://youtu.be/cbbCrMhj9Dc

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука