Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Има напредок во реализацијата на автопатот од Кичево до Охрид, секојдневно се работи и очекувам првата половина од автопатот од селото Арбиново до Охрид, со исклучок на мал дел кај село Ботун, да биде пуштена во употреба до мај следната година, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека до крајот на 2026 година, како што беше ветено во кампањата, ќе биде целосно пуштен во употреба овој автопат.
– Наследивме катаклизмична состојба со инфраструктурните проекти. Конечно оние два фамозни километри од автопатот кон Блаце се завршени и наскоро ќе бидат пуштени во употреба. Остануваат да се реализираат уште 10-тина километри. Имаме јасен план како тоа да се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта. Тој проект наскоро ќе почне со реализација, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата по повод 100 дена од работењето на новата влада. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива