февруари 19, 2020

Охрид, 19. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Диригентот диригира како оркестарот ќе свири порача денеска од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како одговор на изјавата на премиерот Оливер Спасовски дека очекува изборната кампања да биде една од „највалканите” досега.

– Доколку тој не е способен за ова за што се нафатил, а очигледно не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа тогаш ќе имаме валкана кампања и сме подготвени да одговориме на тоа до крај, тој предизвик го прифаќам, рече Мицкоски.

Во однос на пратеничките листи за претстојните вонредни парламентарни избори, тој ги отфрли информациите дека партијата „ќе се ослободи“ од досегашните пратеници.

https://youtu.be/gvIKNqBMeDc

– Пратеничките листи ќе бидат набргу познати, прво ќе бидат објавени носителите во периодот од 1-ви до 5-ти март, а околу 10-март ќе ги објавиме и пратеничките листи кога ќе се знае кои од досегашните пратеници повторно ќе се дел од новиот парламентарен состав, а ќе има и многу нови лица на пратеничките листи, додаде Мицкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука