Младата Миа Танеска се врати со златен медал од „Кинг оф Таеквон-до“
декември 17, 2024

Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со еден златен и пет бронзени медали се враќаат нашите најдобри таеквонсисти од Меѓународниот Таеквон-до ИТФ А класа натпревар „10 Кинг оф Таеквон-до“, кој се одржа во Солун, Грција.

Боите на Република Македонија ги бранеа осум натпреварувачи, кои се бореа со некои од пријавените 1.239 таеквондисти од 17 земји од светот. Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ја претставуваа три официјални лица, 2 национални тренери и натпреварувачи од клубовите: „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид, „Мастер“ од Охрид, „Сонкал“ од Мислешево, Струга и „Ахилиус“ од Скопје.

– Миа Танеска која е една од нашите помлади натпреварувачки, која само пред неколку дена наполни 12 години и влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години. Иако најмлада во категоријата, таа докажа дека вреди во неа да се вложува, повторно искачувајќи се највисоко на пиедесталот, со пет победи освојувајќи го златниот медал во форми, и со две победи над домашни претставнички, освојувајќи бронзен медал во борби. Со освојувањето на двата медали во две дисциплини, го доби и пехарот за најдобра кадетка во категоријата 12-13 години. Теодора Митреска, која се натперварува во категорија У-18 години, освои две медали и во форми и во борби, освојувајќи два бронзнени медали. Во сениорска конкуренција со медали не закитија Божидар Димитриевиќ и Марио Крстески освојувајќи бронзени медали. На Христијана Парулеска поради повреда на коленото, не и’ беше дозоволено да се бори од страна на докторската екипа. Одлично се претставија сите наши натпреварувачи, посебно Давид Крстески и Владимир Димитриевичќ, демонстрирајќи домаинантни борби над домашните претсавници, но за жал судиите им ги одзедоа победите, инфомрираа од Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација.

Освојувачи на медали:

– Миа Танеска – пехар за најдобра кадетка 12-13 години, 1 место, злато форми 6-4 куп девојчиња 12-13 години, 3 место, бронза борби девојчиња 12-13 години +55 кг.

– Теодора Митреска – 3 место, бронза борби младинки У-18 години -58 кг, 3 место, бронза форми 4-1 куп, младинки У-18 години

– Божидар Димитриевиќ – 3 место, бронза борби сениори 18-34 години -92 кг

– Марио Крстески – 3 место, бронза борби сениори 18-34 години -58 кг. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука