Скопје, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската репрезентација до 21 година денеска ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Србија за пласман на Европското првенство 2019 година. На денешниот тренининг се приклучија Давор Здравковски и Филип Илиќ.
Репрезентативците Ремзифаик Селмани и Петар Петковски сметаат дека доколку сите го дадат максимумот, можеме одново да се радуваме на позитивен резултат.
Младите фудбалери стартуваа одлично и овој квалификациски циклус победувајќи ја Ерменија на гости со убедливи 3-0. Сега на ред е еден од најтешките натпревари против селекцијата на Србија со која игравме во иста група на европското првенство во Полска ова лето.
Покрај средбата со Србија в петок, Македонија ја очекува и гостување на Гибралтар, каде на 9 октомври ќе го одиграме и третиот квалификациски меч. (Крај)
извор: ФФМ фото: архива