Охрид, 21. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите од годишната програма за работа на Шаховниотк клуб „Ласкер“ од Охрид, во ООУ „Братство Единство“, вчера се одржа Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2024“ за I, II и III одделение.
Турнирот се одржа во две категории, момчиња и девојчиња, за учениците од основните училишта од Општина Охрид. На турнирот учествуваа 5 ученички во категорија девојчиња и 11 ученици во категорија момчиња. Кај девојките се играа 5 кола по Бергеров систем, секој со секого и, а најдобра беше Момироска Сара, пред Заде Јусра, Велкоска Софија, Богојевска Бјанка и Маневска Миа. Во машка категорија се играа 6 кола по Швајцарски систем, а најдобар беше Павел Групчев, пред Реџеп Актан и Шешоски Јаков.
На 4-ти октомври 2024 ќе се одржи турнирот за VII, VIII и IX одделение, а на 18-ти октомври турнирот
за IV, V и VI одделение. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива