Охрид, 19. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридски стрелци учествуваа на четвртиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
И овојпат во дисциплината возудушен пиштол – јуниори, најуспешен беше младиот Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос”, кој со резултат од 532 круга се пласира на првата позиција. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ беше втор со резултат од 523 кругови. Никола Тодороски од СК „Охрид“ со резултат од 505 кругови беше на четвртата позиција.
Кај сениорите на пиштол, Ванчо Каранфилов од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 3-та позиција со резултат од 536 круга, додека неговите клупски другари Светлан Седмаков, Даниел Михајловиќ и Велибор Балоски се пласираа на 5-та, 7-та и 10-та позиција.
Кај јуниоките на пиштол и овајпат пријатно изненадување доаѓа од Наталија Савеска која ја зазеде третата позиција со резултат од 529 круга. Нејзината клупска другарка Стефани Савеска повторно на четвртата позиција со резултат од 515 кругови. На 5-та односно осмата позиција се пласираа Милица Кочовска и Ана Мостро, додека Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“ поради неисправност на пиштолот не успеа да го заврши натпреварот.
Кај сениорките на пиштол четврта позиција за тренерот на охридските клубови, Валентина Гоџоска со резултат од 501 круг.
Кај сениорките на пушка, повторно пласман на првата позиција за Ива Маленко со резултат од 596,8 кругови.
Кај јуниорките на пушка и овај пат нема место на пиедесталот за стрелците од охридските клубови. Така Теодора Спироска се пласира на 9-та позиција пред нејзината клупска другарка Драгана Локоска. Малата Ирина Кусева од ЖСК „Лихнидос“ изненадувачки брзо го подигна својот резултат за цели 20 кругови, иако како стрелец настапува 3 месеци. И Деа Стојаноска и Тамара Кичеец имат резултатски скок со повеќе од 30 кругови во однос на изминатиот натпревар, но сепак се со послаб пласман на табелата.
Резултатско подобрување за Кристијан Балоски од СК „Охрид“ кој во јуниорска категорија во дисциплината пушка се пласира на 6-та позиција со резултат од 594.3 круга. Сепак иако тој беше еден од фаворитите на клубот за пласман меѓу првите тројца, поради недоволно присуство на тренинзите падот на листата беше извесен.
По завршување на овој куп наптпревар МССФ го објави и списокот на учесници на петтиот финален Куп, на кој учество земаат најдобрите во апсолутна категорија-мажи и жени-пушка и пиштол. Со исклучок на најмладите стрелци на охридските клубови, речиси сите останати членови на клубовите влегуваат во квалификациите во борба за еден од медалите на последниот финален Куп, кој по еден месец ќе се одржи повторно на стрелиштето во касарната во Битола.
А дотогаш, охридски стрелци веќе следниов викенд ќе учествуваат на јубилејниот престижен ГРАНД ПРИ „Walther youth Cup” во Смедерево, Србија, на кој директенн покровител е Walther. Најавено учество на 320 учесници од 12 држави, меѓу кои и Молдавија, Унгарија, Азербејџан, Романија и Турција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива