Охрид, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на помалите групи на културно уметничкото друштво „Ѓердан“ од Охрид во наредниот период ќе учествуваат на еден меѓународен фолклорен фестивал, како и на манифестација од општествено – културен карактер.
Станува збор за Детскиот фолклорен фестивал, кој ќе се одржи на 22-ри април во Виена Австрија, а пред тоа, на 21-ви март, младите играорци ќе бидат дел од културно уметничката програма во склоп на меѓународна манифестација, која ќе се одржи во Истанбул, Турција. На настанот во Турција, како специјални гости се поканети претставници од повеќе земји од Европа, а како учесници од Охрид ќе бидат токму членовите на КУД „Ѓердан“.
– Нашите играорци се вистински професионалци, затоа често нè канат на многу манифестации. Ови два настани се од меѓународен карактер, што е уште поголема потврда за квалитетот на КУД „Ѓердан“. Исто така и нашите носии се автентични, колоритни, вели Татјана Узуноска Тренеска, уметнички директор на КУД „Ѓердан“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Куд Ѓердан