Младите охридски шахисти се натпреваруваа на Младинскиот турнир „Ласкер 2024“
октомври 4, 2024

Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, денеска го организираше Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2024“ за ученици од Основните училишта од Општина Охрид од VII, VIII и IX одделение, во две категории, момчиња и девојчиња.

На турнирот учествуваа 12 ученички во категорија девојчиња и 40 ученици во категоријата момчиња.

Во категоријата девојчиња од VII, VIII и IX одделение, се играа 6 кола по Швајцарски систем, а најдобра беше Котушеска Јована од ООУ „Григор Прличев“ од Охрид, пред Велкоска Ивана од ООУ „Григор Прличев“, Маркоска Евгенија од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и Целеска Емилија од ООУ „Братство Единство“ од Охрид.

Во категоријата момчиња од VII, VIII и IX одделение, се играа 6 кола по Швајцарски систем. Најдобар беше Мојсоски Огнен од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид пред Пуроски Јован од истото училиште. Следуваа Молкоски Димитри од ООУ „Григор Прличев“, Мишески Павел од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и Серафимоски Мартин од ООУ „Христо Узунов“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука