Скопје, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, еден месец пред Светскиот ден на борба против туберкулозата, Скопје беше домаќин на спортски натпревар на кој, децата од Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври”, децата од околните основни училишта и Дани Димитровска дадоа гол против туберкулозата.
Децата испратија порака дека посветеноста на превенција и заштита од туберкулозата е единствен начин за намалување на стапката на заболени жители на Земјата.
Настанот беше во организација на Здружението на граѓани МЕРЦ, кои ја нагласија својата желба за ширење на свеста за оваа тешка болест меѓу граѓаните во Македонија. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
Прочитано: 28