Охрид, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите од богатата програма на алтернативното културно лето во Охрид, „Културолошка иницијатива 5 до 12“.
Вечерва на новата сцена, откриена од ентузијазмот на младите и искуството на постарите, патеката кај Билјанини извори и каналот „Студенчишта“, организаторите најавуваат богата програма. Предвидена е работилница за танц со студиото „Соната“, изложба на фотографии, како и Boarding games, по што забавата продолжува во Дискотеката Парк.
Во рамките на алтернативното културно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“ предвидена е разновидна и богата програма, во која ќе се вклучат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират итн.
Организатори се Супер радио и НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива