октомври 13, 2024

Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Генерациите фудбалери од 2014, 2015 и 2016 година на српските клубови Црвена звезда, Партизан и Земун демонстративно го напуштија фудбалскиот турнир кој деновиве се одржува во Охрид, одбивајќи да се натпреваруваат против екипи од Косово.

– Нашите момци успешно стигнаа до нокаут фазата на натпреварувањето, 2012 и 2013 година претрпеа порази во четвртфиналето, додека за 2014 година натпреварувањето во Македонија заврши во полуфиналето. Не, нашите момци не беа поразени, но одлуката на клубот беше да не се натпреварува против тим од т.н. Косово, односно, нашите селекции се спакуваа, го напуштија турнирот и се упатија кон Србија. Во татковината се враќаат без медал, но со чист образ. Им благодариме на организаторите за поканата, велат од ФК „Земун“ во официјалното соопштение.

Според српските медиуми, клубовите од Србија, пред почетокот на турнирот, побарале екипите од Косово да не учествуваат, но организаторите „не го испочитувале договорот“. (Крај)

извор: Република фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука