Гетеборг, 29. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Пиењето млеко не го намалува ризикот од фрактури на коските, покажуваат резултатите од новото истражување спроведено во Шведска, јави Би-Би-Си.
– Луѓето кои пијат над три чаши млеко дневно, се изложени на поголема опасност од кршење на коските, отколку оние кои пијат помалку, велат научниците кои предупредуваат дека истражувањето покажува само тренд и не треба да се гледа како единствен доказ за она што доведува до фрактури кај коските. Факторите како алкохолот и зголемената тежина, исто така играат голема улога.
Што се однесува до ферментираните млечни производи како јогуртот, тука ситуацијата е обратна, според истото истражување, тие го намалуваат ризикот од фрактури. (Крај)
извор: Би-Би-Си фото: архива