јуни 29, 2018

Охрид, 29. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во големиот маркет на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар, синоќа се одржа првата забава од новиот заеднички проект „Златно Светско со Златен даб“ на „Тамаро“ и Златен даб.

Тимот на Супер радио, предводен од Жанко ЗШ Голабоски, на посебно уредениот простор во маркетот приреди вистинско мини „Светско првенство“.

Image may contain: 3 people, people standing and beard

Image may contain: 2 people, people standing

– Се постигнуваа голови на посебно прилагодениот „фудбалски терен“, се сликавме со Роналдо, Меси и Нејмар, добивавме многу награди и секако многу најдобро Златен даб пиво за натпреварувачите. Нашата интенција е да ги следиме сите настани кои се интересни за нашите купувачи и да внесеме свежина и многу забава, секако во комбинација со нашите најдобри и најповолни понуди, велат од „Тамаро“.

Image may contain: 4 people, people smiling, people standing

Веќе традиционално, Златен даб како најдобро пиво за најдобрите пријатели, во соработка со водечките охридски „Тамаро“ маркети, организираат заедничко следење на најинтересните спортски натпревари, во комбинација со многу забава, а секако и награди за сите учесници. Така ќе биде и со најинтересните натпревари од тековното Светско фудбалско првенство во Русија.

Image may contain: 1 person, standing

Image may contain: 2 people, people smiling, people standing and beard

Следната ваква дружба е веќе утре, кога во маркетот „Тамаро 10“, на улицата „7-ми ноември“, веднаш до ОУ „Братство единство“, со почеток во 20:00 часот ќе се следи 1/8 финалниот натпревар на ова супер атрактивно фудбалско Светско првенство.

– Се` што треба да направите е да купите пиво Златен даб во било кој од нашите маркети и веднаш добивате посебен жетон, со кој можете да бидете дел од забавите, додаваат од „Тамаро“.

Image may contain: 1 person, text

Од „Тамаро“ најавуваат уште едно супер атрактивно лето исполнето со многу акции, промоции и интересни проекти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука