Скопје, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според информациите од амбасадата во Вашингтон, а се однесуваат на состојбите во погодените подрачја од ураганот Ирма, од Министерството за надворешни работи на РМ информираат дека Амбасадата е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД и дека нема информации за повредени или загинати македонски државјани.
– Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапија во контакт со македонската државјанка која престојуваше во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот. Апелираме на будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот се’ уште не е надмината, информираат од МНР.
Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501. (Крај)
извор: МНР фото: архива