Мадрид, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Реал Мадрид соопшти дека Лука Модриќ и Марсело ќе отсуствуваат од тимот во наредните десет, односно 30 дена.
Хрватот и Бразилецот се повредија во саботата на дуелот од 19.коло во Примера против Малага.
Модриќ за десет дена ќе биде подготвен да се врати во екипата,додека за разлика од хрватот, Марсело кој има раптура на бицепсот на ногата ќе отсуствува најмалку еден месец. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13