Скопје, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По однос на предлогот на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, доставен до Министерството за образование и наука на 30-ти јануари, Министерството за образование и наука на 10-ти февруари, вторник, предлага да се одржи иницијална средба на којашто би присуствувале соодветни претставници, делегирани од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.
Иницијалната средба е со цел да се иницира расправа со наставниците, студентите и сите релевантни чинители во процесот на високото образование, заради сеопфатна, стручна и темелна анализа од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование.
Во зависност од одлуката на УКИМ за прифаќање на оваа иницијатива и согласно можностите на двете страни, локацијата и временскиот термин ќе бидат дополнително прецизирани, за што јавноста ќе биде навремено информирана. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива