Дебар/Охрид, 13. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – По најновиот развој на настаните околу ширењето на болеста COVID-19 на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, Владата го задолжи Министерството за здравство, во соработка со Центрите за јавно здравје, да преземе дополнителни мерки за заштита од ширење на овој вирус.
– Ќе се мобилизираат медицинските екипи со епидемиолог од Охрид и еден инфектолог или доктор (или инфектологот кој е во работен однос во бањите „Цапа“ да се стави во служба и за потребите на центрите за јавно здравје). За овие мерки да се достави извештај до крајот на денешниот ден, со цел Министерството за здравство да објави превентивно соопштение на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, за можноста од воведување на карантин, стои во заклучокот од Владата. (Крај)
извор: Влада на РМ фото: архива