Белград, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во наредните месеци земјите од Балканот ќе треба да одредат на каков начин ќе се снабдуваат со гас, бидејќи само по 4 години истекува договорот за транзит на рускиот гас преку територијата на Украина.
Ова во Белград го најави рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин.
– Од” Газпром “многу јасно и категорично велат дека после 4 години, кога ќе истече сегашниот договор за транзит на руски гас преку Украина, гасот веќе нема да поминува за Европа по овој пат, рече рускиот дипломат Чепурин.
Чепурин предупреди дека ситуацијата воопшто не е лесна во геополитички план. (Крај)
извор: БГНЕС фото: архива
Прочитано: 20