Москва, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Русија нема да преговара со ЕУ за укинување на санкциите наметнати во врска со конфликтот во Украина, изјави постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов.
– Русија нема намера да преговара со ЕУ за укинување на санкциите. Овој проблем е создаден од Унијата и затоа треба сама да го реши, коментира Чижов.
Повод за коментарот е одлуката на ЕУ да ја прошири црната листа за Русија. Во листата влегуваат заменик-министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов, пратеникот од Државната дума, Јосиф Кобзон, пратеникот од Државната дима и шеф на московската организација на КПРФ, Валериј Рашкин и уште двајца руски државјани. (Крај)
извор: РИА Новости фото: архива
Прочитано: 22